Скопје, 16 февруари 2020
Со разрешувањето на сега веќе поранешната министерка Рашела Мизрахи Собранието го заштити Уставот, правната држава, интересите на граѓаните, на стечајците, ја заштити интеграцијата во НАТО и европската перспектива на земјата.
Заштитени се и интересите на стечајните работници, истите оние за кои Мизрахи даде негативно мислење и заедно со Владимир Ѓорчев не дозволуваше да се прошири опфатот на стечајци кои добиваат месечен надомест.
Сите членови на Владата мора да ги почитуваат Уставот и законите и мора да работат во интерес на граѓаните и државата.
Никој не смее да го крши Уставот и да се обидува да ја врати земјата назад во изолација, да ја оддалечи од НАТО и ЕУ заради туѓи или партиски интереси.
Владеењето на правото и правната држава подразбира одговорност и одговорност мора да има.
Да не ни помислува извршителот Мицкоски да злоупотребува пол, национална, етничка припадност, висина, како што тоа го направија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, осомничените Милошоски и Димовски.
Тие навреди и лаги полни со насочена омраза на национална, етничка, физичка и родова основа кои ги искажа ВМРО-ДПМНЕ во Собраниската сала и преку медиумите под нивна контрола покажува колку се во паника извршителите на Груевски.
Нема да дозволиме извршителите на Груевски да го загрозат членството во НАТО и ЕУ, да ја загрозат иднината на земјата.
Нема враќање назад кон изолација и неизвесност. Тие еден чекор назад, ние три напред.
Центар за комуникации на СДСМ
________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки