Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Со пакетот економски мерки се намалуваат трошоците на земјоделците и се обезбедуваат повеќе пари за секој земјоделец

СДСМ: Со пакетот економски мерки се намалуваат трошоците на земјоделците и се обезбедуваат повеќе пари за секој земјоделец

 

Скопје, 25 мај 2020 

Третиот пакет на економски мерки усвоен од страна на Владата предводена од СДСМ дава голема поддршка на македонското земјоделство. Веќе 5 милиони евра нови средства се на располагање на сите наши земјоделци како евтини и поволни кредити преку Развојната банка на РСМ.

Ја зголемивме поддршката и за субвенционирање на трошоци за зелена нафта за механизација, односно ако минатата година ги покривавме трошоците до 30%, оваа година таа поддршка е зголемена до 50%. Тоа се 5 милиони евра за 50.000 земјоделци преку оваа мерка.

Обезбедивме 50 милиони евра преку кредит на Светска банка за модернизација на македонското земјоделство, односно 50 милиони евра за модернизација на постојни и изградба на нови модерни откупно-дистрибутивни центри во повеќе региони во државата, кадешто е најголемо замјоделското производство.

Го ставаме во функција целокупното обработиливо земјоделско земјиште и тоа преку окрупнување, но и преку можност за продажба. Тоа значи сигурност за земјоделците и агро-бизнисмените и нови инвестиции во земјоделството. 500.000 хектари пасишта ги ставаме во функција на сточарството, преку можност за склучување на договори за долгорочен закуп на пасиштата.

Исто така, имаме и нова мерка за поддршка и развој на малите семејни фарми и на малите винарии, преку грантови од 10.000 евра.

Почитувани граѓани, ние продолжуваме со безрезервна поддршка на македонското земјоделство и на македонските земјоделци.

Тоа значи силна поддршка за стабилизирање и раст на македонската економија.

Видео обраќање на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт