Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Со насилни протести Мицкоски и проруската инсталација Апасиев работат против ЕУ

Dik 300x250 mk

„Христијан Мицкоски заедно со неговиот партнер, проруската инсталација Димитар Апасиев со насилни протести и крвави сценарија работат против интеграцијата во ЕУ. Минатата недела јавноста виде како членови на ВМРО-ДПМНЕ и Левица каменуваа полицајци, фрлаа молотив коктели, ширеа омраза преку обиди за крвави сценарија и оштетуваа објекти на државни институции“ велат од владејачката СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Оттаму посочуваат дека „јавноста се уште очекува одговори и за улогата на политичкиот дезертер од Армијата, Драган Ковачки со овие настани?“.

„Дали токму Ковачки коорднирал група на поранешни припадници на Армијата во ова крваво сценарио? ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и нивниот проруски коалициски партнер Левица прават се за да ја нарушат стабилноста на државата но СДСМ, заедно со институциите, со граѓаните, тоа нема да им го дозволи“ стои во соопштението од СДСМ.

Можете да прочитате

Маж пронајден починат во Центар

Фондот за здравство најави мерки: Околу 477.000 луѓе имаат бесплатно здравствено осигурување, а работат во сива економија

Вработени на Онкологија сведочеа како се набавувала и давала терапијата во времето на Васев и Нухи