Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни дека македонскиот идентитет и јазик се меѓународно потврдени

СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни дека македонскиот идентитет и јазик се меѓународно потврдени

Очигледно само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа дека македонскиот идентитет и јазик се меѓународно признати и потврдени, реагира СДСМ за предлог резолуцијата што деновиве во Собранието ќе ја поднесе опозициската партија.

„Ако Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во својот идентитет не мора да поднесуваат декларации или какви било заклучоци до Собранието.

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се меѓународно потврдени и признаени и нема потреба од било каква расправа за тие прашања особено не во македонското собрание.

Цела Европа, целиот свет знае кои се нашите идентитески позиции но очигледно само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа.

Христијан Мицкоски до толку е изгубен во своите блокади што бара Собранието да разговара дали сме Македонци кои зборуваат македонски јазик и имаат македонски идентитет и посебност.

Мицкоски работи против државните и национални интереси и во состојба е да измисли се само за да ги блокира тековните мерки и политики што носат придобивки за граѓаните и државата.

Затоа е таму каде што е, во опозиција, затоа му следува уште еден пораз овој пат на локалните избори“, наведува СДСМ.

Можете да прочитате

СДСМ ќе бомбардира со прес конференции за разочарувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија преживуваше драматичен ден, пожарот во Јасен сè уште под закана

Полицијата со нова „алатка“ за ловење на дрогирани возачи: Ќе ги тестира за 10 минути преку тест со плунка