Нашата држава 30 земја членка на најмоќниот, најзначајниот военобезбедносен сојуз на светот – НАТО алијансата.
Граѓаните на Северна Македонија денес се еднакви и рамо до рамо со најмоќните и најсилните земји во светот.
Македонското знаме гордо се виори меѓу другите 29 земји од семејството на Северноатлатнската алијанса.
Сите граѓани денес се сведоци на огромниот успех кој го постигнавме за само 2.5 години.
Ова е уште едно признание за одговорните и успешни политики на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев. Од заробена држава до светол пример во регионот, земја партнер на демократскиот свет.
Обезбедена е нашата иднина, загарантиран е територијалниот интегритет и суверенитет на Северна Македонија, а тоа значи сигурни и безбедни граници и мир во државата.
Нашата држава продолжува по патот кон успесите, градејќи уште подобро општество и уште подобар живот за сите наши граѓани. Држава која ќе остане искрен и добар сосед со сите земји во нашиот регион, држава која што ќе ги зајакне своите капацитети и која ќе биде партнер на сите наши НАТО сојузници во глобалните предизвици за чување на мирот.
Иако во моментов се бориме со невидливиот пријател коронавирусот, убедени сме дека по совладувањето на здравствените и економските последици, храбро и сигурно ќе ја реализираме и нашата друга стратешка цел – полноправно членство во ЕУ.
__________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки