Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Расте очајот во Белиот дворец, нов ден, нова лага на ВМРО-ДПМНЕ за министерот Николовски

СДСМ: Расте очајот во Белиот дворец, нов ден, нова лага на ВМРО-ДПМНЕ за министерот Николовски

Според владејачката СДСМ, апсолутна невистина се денешните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ за наводна поврзаност со луѓето кои учествувале во инцидентот кој се случил на 24.01.2022 во угостителски објект во Крива Паланка.

Во врска со овој настан, посочуваат од оваа партија, надлежните институции имаат реагирано навреме и преземени се сите потребни мерки.

Инцидентот бил пријавен и веднаш имало реакција од страна на МВР Крива Паланка, појаснува СДСМ, при што две лица биле приведени истата вечер. Дополнително од страна на ПС Крива Паланка за случајот е информиран и надлежен јавен обвинител, дополнуваат од партијата на власт.

„Пред законот сите се еднакви, секој кој го прекршил ќе одговара. Во ВМРО-ДПМНЕ огромен е очајот па затоа секојдневно со лаги неосновано напаѓаат членови на Владата. Знаат и самите дека Владата предводена од СДСМ им помага на граѓаните додека нивните градоначалници не работат ништо па затоа имаат потреба секојдневно да конструираат случаи со кои ја манипулираат јавноста“, реагираат од СДСМ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт