Утрински Весник
Спорт

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Баерн и Лајпциг го одигра дерби мечот во 21.коло, во Бундеслигата. Победата со 3:2 му припадна на актуелниот шампион. Баерн со натпревар повеќе, ја зголеми предноста во однос на Борусија Дортмунд на девет бода.

Баерн, по 12.минута игра го отвори резултатот. Голот го постигна Томас Милер. По првиот гол, Баварците не искористија неколку шанси, па ги стигна казната во 27.минута, кога израмни Андре Силва.

Баерн сепак со предност замина на одмор. Вториот гол за екипата на Јулијан Нагелсман го постигна Роберт Левандовски.

Лајпциг подобро го отворија вториот дел. Нкунку, во 53.минута израмни на 2:2.

Пет минути подцна Јошко Гвардиол си постигна авто-гол и го постави конечниот резултат.



> Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг <

Можете да прочитате

Инфантино повторно ќе се кандидира за претседател на ФИФА

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание