Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Раководството на СОНК настапува со политичка агенда и уцени, на штета на образовниот процес

СДСМ: Раководството на СОНК настапува со политичка агенда и уцени, на штета на образовниот процес

Денешниот настап на раководството на СОНК наликува на политички настап, со политичка агенда и уцени кои се на штета на децата, на учениците и на образовниот процес, реагира владејачкиот СДСМ откако Синдикатот попладнево на прес-конференција информираше дека штрајкот во образованието ќе продолжи откако Советот на СОНК констатирал дека вчерашните владини заклучоци не водат кон решавање на несогласувањата.

„Одбивањето на раководството на СОНК за зголемување на платите во висина од 10 отсто, односно плати повисоки од 2.500 до 3.000 денари по вработен, во време на криза и законски рокови за усогласување на платите кои не се истечени, го потврдува тоа. Раководството на СОНК нема формална основа за штрајк, затоа што согласно Законот за минимална плата усогласувањето на платите се врши во рок од 6 месеци, што значи штрајк пред овој рок е смислена уцена.

Зошто од страна на раководството на СОНК вопшто не беа споменати учениците, децата, кои се најважни? Зошто не беа споменати родителите кои раководството на СОНК ги става во неизвесност?

Правото на штрајк е загарантирано, но загарантирано е и правото на образование на учениците“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Можете да прочитате

Томовски: Ќе се набават 100 амбулантни возила

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 80. Генерално собрание на ОН

Со смртни закани барал 3.000 евра од градоначалник – се бара притвор за едно лице од Неготино