Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

СДСМ: Прекинот на наставата е на штета на децата, СОНК да се врати на дијалогот

СДСМ: Прекинот на наставата е на штета на децата, СОНК да се врати на дијалогот
Img 7972

Дијалогот е единствен начин да се дојде до решенија, без било какви уцени. Сосема разбирлива е потребата од достоинствено вреднување на трудот на секој работник, секако и на наставниците, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека правото на штрајк е уставно загарантирано право, но исто така уставно загарантирано е и правото на образование.

Тие апелираат СОНК да се врати на дијалогот, да продолжат разговорите, наставниците да се водат од најдобрите интереси на учениците.

Да не се дозволи штрајкот да влијае на прекин на наставата или на продолжување на учебната година.

Прекин на наставата ќе резултира со работни саботи или пролонгирање на учебната година и пократок летен распуст затоа што наставната програма мора да биде целосно реализирана.

Ова негативно ќе се одрази и на уписите, полагањето на државната матура, но и полагањето на стручен испит за околу петстотини наставници.

Тоа е на штета на воспитно-образовниот процес, на учениците, на матурантите.

Токму затоа и УНИЦЕФ предупреди дека децата не можат да си дозволат прекин во наставата, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка

Мицкоски: По изборите ресет на системот, да изградиме правна држава и непристрасно правосудство  

Во пиперки од Македонија откриена опасна супстанца