Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Предметот историја не се укинува, ВМРО-ДПМНЕ лаже

СДСМ: Предметот историја не се укинува, ВМРО-ДПМНЕ лаже

 

Предметот историја не се укинува, ниту се брише ниту се ретушира, џабе лаже оваа загубена партија. Тоа не е точно, се менува пристапот кон изучување на материјата, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ, која рече дека бришењето на историјата како училиштен предмет се совпаѓа со квислиншките политики на Заев.

„Лажеа и ги плашеа граѓаните дека во државата ќе се населуваат мигранти, дека ќе се промени структурата на населението со доселување 2 милиона Африканци. Сега лажат дека историјата се ретушира. Реформата во образованиот процес е потребна затоа што 11 годни токму ДПМНЕ создаде невиден хаос. Неквалитетни учебници, полни со дискриминаторски содржини и материја несоодветна за возраста на учениците, проектот ‘Кембриџ’, чии учебници воопшто не се одобрени од меѓународниот Институт ‘Кембриџ’, кој не бил ни вклучен во развојот на наставната програма по која сѐ уште се предава во училиштата“, се наведува во реакцијата.

Оваа нивна политика, додаваат од СДСМ, го доведе нашето образование на дното на сите ранг-листи, според домашните и меѓународните истражувања.

„Затоа, следува сеопфатна реформа на образованието, а промените што следуваат ќе им овозможи на учениците поквалитетна настава, подобро и потемелно разбирање на материјата од сите научни дисциплини“, велат од СДСМ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран

Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост” на тема „Право на домување на Ромите”

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК