Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ги чинат 55.000 евра месечно, да ги вратат парите назад

Неработењето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ги чини над 55.000 евра месечно. За основните плати на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја плаќаат 40.000 евра месечно, а дополнителни 15.000 евра добиваат за патни трошоци, исто така врз грбот на граѓаните. Наместо да ги заработат овие 55.000 евра месечно тие не влегуваат на седници, не закажуваат седници на комисии кои ги водат, се надвикуваат, покажуваат нервоза и прават штета на граѓаните кои ги плаќаат, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека граѓаните не ја дале довербата на пратениците да блокираат, да ја опструираат работата на Собранието и да не си ја работат работата. Кога веќе решиле намерно да не работат, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат парите за плати, патни трошоци и мобилни телефони.

Над 55.000 евра месечно во време на криза, се сериозни средства со кои може да им се помогне на илјадници семејства.

СДСМ заедно со парламентарното мнозинство ги надминува блокадите и ќе ги донесе законите кои се од интерес на граѓаните, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт