Утрински Весник
Македонија

СДСМ: По изборниот пораз Мицкоски и Апасиев со денови ги нема, да не чекаат насоки од Будимпешта?

По поразот на вонредните локални избори Мицкоски и Апасиев со денови никаде ги нема. Не се појавуваат во јавноста, ниту пак на социјалните медиуми, јавноста од нив не слушна ни збор.
Дали заедно чекаат насоки од Будимпешта, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека Мицкоски и Апасиев се зашеметени од поразот, не знаат што да кажат по шамарот од граѓаните, кои им упатија јасна и недвосмислена порака дека се против блокади и деструкции, дека сакаат напредок, развој, европска држава и европски вредности.

Пораките од вонредните избори се јасни. Двојна победа на СДСМ и Коалицијата на изборите за градоначалник во двете општини, Маврово Ростуше и Центар Жупа и преполовена поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.

Тоа е пораз на антиевропската коалиција. Затоа Мицкоски и Апасиев со денови не излегуваат во јавност, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Министрите Муцунски и Муртезани на средба со Калас во Брисел

Нормализиран железничкиот сообраќај, прекинат бојкотот во МЖ Транспорт

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани