Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

СДСМ: Позитивниот Извештај од ЕК за напредокот на земјата е доказ за успешноста на реформите

Стартува иницијативата за намалување на дискреционите овластувања на функционерите
Img 7972

Извештајот на Европската комисија ги препознава и вреднува заложбите и спроведените реформи на Владата предводена од СДСМ и нејзината посветеност во интегративниот процес кон ЕУ, соопшти СДСМ.

„ Вистински мотив е што во Извештајот на Европската Комисија (ЕК) за Северна Македонија е констатирано дека содржинскиот дијалог на Владата на Северна Македонија со Европската комисија се наоѓа на многу повисоко ниво.

Во Извештајот е нотирано дека Северна Македонија во голем број области постигнува висок степен на усогласеност со европското законодавство и се препорачува имплементација и испорака на уште поголеми резултати.

ЕК во Извештајот за Северна Македонија посебно ги издвојува наодите во областите на фундаментални вредности, избори, владеење на правото, судството и борбата против корупцијата, од што може да се заклучи дека земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементацијата на веќе донесените закони.

Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан предвидува финансиската поддршка од 9 милијарди евра преку ИПА, и тоа во комбинирана форма на грантови, како и поволни заеми со цел да се поддржи економската конвергенција на Западен Балкан со Европската Унија.

Оваа финаниска поткрепа е силна порака и поддршка за европската перспектива на регионот и за комплементарноста на реформските процеси со забрзаниот економски развој.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, останува силно посветена на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Реформите важни за граѓаните, важни за европската иднина на државата продолжуваат уште повеќе и уште подобро“ велат од партијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?