Утрински Весник
Политички Партии
300x250 opst2

СДСМ: Огромен е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од Димитар Ковачевски

СДСМ: Огромен е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од Димитар Ковачевски
300x250 opst2

Огромен е стравот во опозициската ВМРО-ДПМНЕ од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, велат од паријата на власт како реакција на обвинувањата дека Ковачевски лажно се претставува како дипломец на Харвард.

„Пропадна обидот на пропагандата на заевизмот да го прикаже пиунот Димитар Ковачевски како дипломец на Харвард. Вистината е дека тој е обичен курсаџија. Има скапо платен тридневен курс“, посочија претходно од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак велат дека опозициската партија секојдневно конструира измислици и шири лажни вести за неосновано да го напаѓа Ковачевски.

„На сите објавени биографии и резимеа на претседателот, достапни за целата јавност на интернет, јасно пишува каде студирал, магистрирал и докторирал. Лажните вести се обид за дискредитација на Ковачевски, со што на виделина го покажуваат стравот кој владее во нивните редови“, посочуваат од СДСМ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт