Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Најавите за блокада на еколошката такса докажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ не е поместена од антидржавната матрица

СДСМ: Најавите за блокада на еколошката такса докажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ не е поместена од антидржавната матрица

Најавите за блокада на еколошката такса докажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ни за милиметар не е поместена од антидржавната матрица, велат од СДСМ.

„Во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски нема нова понуда, нов концепт на повидок. Провидна лага се наводните нови политики на ВМРО-ДПМНЕ, партија чии деструктивни и расипнички политики 11 години ја изолираа и држеа во заложништво државата и брутално ги понижуваа граѓаните. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат капацитет да понудат нов концепт се додека одржуваат тесни врски со луѓето од мрачното минато на државата“, се наведува во соопштението.

Од таму велат дека ВМРО-ДПМНЕ за време на преодната Влада блокирала поставување на модуларни болници, а денес силно се противи на изградба на нов Клинички центар.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се противеа на растот на платите и пензиите. ВМРО-ДПМНЕ се противат над 4.700 наставници и стручни соработници да добијат трајно вработување. Најавата за блокада на еколошката такса е силна потврда дека оваа партија е се уште нереформирана, дека единственото нешто што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаат да понудат се блокади и деструкции. Граѓаните го ценат ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и затоа наесен ќе им испорачаат нов пораз на погубните политики на Мицкоски“, велат од СДСМ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт