Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски не ја разбрал суштината на поканата за средба, избори нема да има

СДСМ: Мицкоски не ја разбрал суштината на поканата за средба, избори нема да има

Од владејачката СДСМ велат дека Христијан Мицкоски не ја разбрал или не сакал да ја разбере суштината на поканата за средба. Оттаму додаваат дека во ек на економска криза кога лидерите во светот зборувале за поддршка на граѓаните, тој поставувал услови за средба само ако имало предвремени избори.

„ Избори нема да има, треба да се посветиме на надминување на економските предизвици и финансиска поддршка на граѓаните. За тоа треба да разговараме и заедно да гласаме во Собранието за овие приоритетни теми. Избори значат нов трошок, нова неизвесност и нов застој на целата економија.

Покрај ова, новата влада предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски има полн капацитет и целосен легитимитет да го истера мандатот до крај, односно до 2024 и оттаму избори не се во план“ порачуваат од СДСМ.

Можете да прочитате

Пола Скопје без стрија – 24info.mk

Оставка во СДСМ Неготино – Младеновиќ се повлече од функцијата

Министерот Панче Тошковски стана татко по третпат