Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Мицкоски нема доблест здравјето на граѓаните да го стави пред неговата партиска фотеља

СДСМ: Мицкоски нема доблест здравјето на граѓаните да го стави пред неговата партиска фотеља

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со претседателот на Владата Зоран Заев пред еден месец, пред граѓаните вети дека неговите партиски послушници во парламентот ќе го одблокираат Законот за изградбата на новиот Клинички центар. Очекувано, Мицкоски повторно излажа! Очигледно на Мицкоски целта му била на подмолен начин да дојде до документите кои му беа доставени и истите да ги злоупотребува и да манипулира со податоци. Се што вети на таа средба Мицкоски не оствари, па и понатаму неговата партија во Парламентот блокира 27 Закони кои се од голема важност за граѓаните. Како и Законот за изградба на нов Клинички центар, велат преку писмена реакција од владејачката СДСМ.

Од таму потсетуваат дека за Мицкоски како што велат тоа што физибилити студијата е „непостоечки проект“ всушност е направена заедно со помош на австриската влада предводена од канцеларот Курц. Физибилити студијата потенцираат од СДСМ е договорена на ниво на Влади на Република Северна Македонија и Австрија, во форма на стручна бесплатна помош за развој и унапредување на здравствениот систем во нашата држава.

Според нив, клиничкиот центар што требало да го направи ВМРО ДПМНЕ биле обични интерни клиники и требало граѓаните да ги чини 120 милиони евра.

Министерството за здравство и Владата на СДСМ во ковид пандемија, ги реновираше сите Интерни клиники за не повеќе од 1 милион евра. Математички прецизниот Христијан Мицкоски нека каже колкава разлика е тоа, прашуваат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ договор за изградба на нов Клинички потпиша со компанија која по неколку месеци, отиде во стечај! Каков ли математички прецизен договор направила претходната влада за таканаречениот нов Клинички центар? Оваа Влада ќе изгради нов Клинички центар современ и модерен проект како што заслужуваат нашите граѓани, нешто што ќе служи во следните децении за да овозможи интегриран модел на здравствена услуга“, дополнуваат од СДСМ.

Од таму информирааат дека најреномирани европски компании германската „Вамед“ и француската „Буиг констракшн“, ќе бидат вклучени во изградбата на истиот, и порачувааат ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја манипулира јавноста, и како што велат да измислува провизии, непостоечки проекти, да лаже и да маипулира.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт