Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против здравјето на граѓаните

СДСМ: Блокадата на Законот за Клинички центар  е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ континуирано, свесно, злонамерно и на штета на граѓаните ја опструира и блокира изградбата на нов Клинички центар и шири тешки невистини за наводен криминал, реагираат од СДСМ во однос на обвинувањата од опозициската партија.

„Тврдењата на деструктивната партија предводена од Мицкоски дека во соседна Србија се гради Клинички центар за далеку помала сума се чиста лага, обид за манипулација на јавноста. Во Град Скопје ќе се гради нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар од 110.000 м2, кој ќе обезбеди високо квалитетни здравствени услуги кои ги исполнуваат сите современи стандарди во медицината и потребите на граѓаните. Во Србија се реновира и опремува веќе изграден објект“, стои во партиската реакција, во која се додава дека ниедна лага не може да го покрие фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против здравствениот систем и здравјето на граѓаните.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт