Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кочат закон за поголеми плати на наставниците

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кочат закон за поголеми плати на наставниците

Владеачката партија СДСМ, со реакција на денешната прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од партијата соопштуваат дека СДСМ ја зголеми двојно минималната плата, од 8,800 денари во време на ВМРО-ДПМНЕ на 18.000 денари.

СДСМ го цени и го вреднува трудот на работниците, вистински се грижи за зголемување на стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и негови високи функционери како Трајко Славевски и Данела Арсовска жестоко се противеа на секое зголемување на минималната плата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ како власт со години ја држеше минималната плата замрзната и ги дискриминираше работниците во одредени индустрии.

Груевски и Мицкоски ја промовираа нашата земја како РАЈ ЗА ЕВТИНА РАБОТНА СИЛА. Денес лицемерно кажуваат дека ја поддржуваат минималната плата.

Според СДСМ, лицемерен е амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за усогласување на платите во јавниот сектор а истата таа партија 10 месеци ги блокира законските измени со кои 4.700 наставници во основното и средно образование ќе добијат трајно вработување и поголеми плати за сите наставници.

Барањето на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е задоцнето, Владата веќе најави и кажа на економско -социјалниот совет дека дијалогот за усогласување на платите во јавниот сектор ќе следи, секое усогласување на платите во јавниот сектор ќе се одвива низ социјален дијалог, се вели во реакцијата од СДСМ.

Можете да прочитате

Бубевски: Случајот „Онкологија“ е најтежок во моментов, се чека вештачењето од Словенија

Бешлиовска: Итно вработување на медицинските сестри – здравствениот систем е во криза

Во сабота во Неготино протест против сообраќајно насилство