Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски е единствен опозиционер кој во време на криза работи против државата

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, на дебаклот од митинг, добија јасна порака од граѓаните дека не сакаат блокади и деструкции, велат од СДСМ.

Од владејачката партија посочуваат дека во време на, како што велат, најголема глобална економска и енергетска криза граѓаните очекуваат одговорност, конструктивност и посветеност од страна на сите политички партии.

„ВМРО-ДПМНЕ треба да ги прифатат овие пораки од граѓаните, да го променат својот деструктивен начин на однесување и да го стават интересот на граѓаните на прво место.

Наместо да биде единствен опозициски политичар кој и во време на криза работи против државата и граѓаните, Мицкоски да се повлече од деструкциите“, се навдува во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Бојковска: За мене ,,Безбеден град” е систем за спасување на човечки животи

Филипче: Кој дозволи 5 тони дрога да ја поминат границата без контрола?

ВМРО ДПМНЕ: Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон