Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски да го искористи Извршниот комитет и да им се извини на своите што ги лажеше

Еве му прилика на Христијан анти ЕУ Мицкоски, вечер, на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на своите сопартијци што ги лажеше, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Да им се извини за лагите за наводна бугаризација и асимилација. Да им се извини за измислените манипулации за продавање на идентитот. Да им се извини што велеше дека нема да почнеме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик. Да им се извини што во ЕПП прифати нашата земја да биде срамно претставена со кратенка од регистерка табличка. Да им се извини за сите навреди, колнења и хушкања кои ги тераше да ги кажуваат само за да ја спасат неговата политичка кариера“, додаваат од партијата на власт.

Им должи Мицкоски извинување, велат од СДСМ и за неуспешните крвави сценарија за предизвикување дестабилизација и етнички конфликт во државата, за обидот за блокада на европскиот пат на државата.

„Секако доблесно би било и да потврди дека македонскиот јазик со чиста формулација без фусноти станува дел од преговарачкиот процес со ЕУ но тоа е прмногу да се бара од Мицкоски“, е истакнато во реакцијата од оваа партија.

Можете да прочитате

СДСМ: ОЈО и Савевски ја ставија тајноста на истрагата над здравјето на граѓаните

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија на земјава

МВР: Полицијата е на терен по невремето, во Скопје евидентирани 117 оштетени возила и 10 повредени лица