ВМРО-ДПМНЕ и во време на најголемата здравствена криза во земјава и во светот продолжува со својата секојдневна практина на бесрамно политикантство и ширење лажни и неосновани вести.
Сега генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев излезе со лажни обвиненија за тендер за ЈП Дрисла.
Она што Јанушев испушти да и го каже на јавноста е дека кадарот на ВМРО-ДПМНЕ во ЈП Дрисла е тој којшто го има склучено договорот со овој правен субјект, а Град Скопје само го продолжи за три месеци, додека трае постапката за јавна набавка и тоа за пониска цена од таа што била склучена со ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да си ја прежали својата „златна кокошка“ и очигледно е дека нивниот добропознат клептомански начин на раководење со институциите е единствен начин на размислување.
Прашањето на коешто треба да одговори ВМРО-ДПМНЕ пред јавноста е зошто се обиде криминално да ја приватизира Дрисла и зошто во меѓувреме го уништила возниот парк и машинеријата на Дрисла, а одбрала да испумпува финансиски средства од претпријатието со склучување на договори за изнајмување на градежни машини од надвор.
Граѓаните знаат дека опозициската партија нема што да понуди, освен тешки лаги и неодговорно и антидржавно однесување.
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.