Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Идејата за референдум е само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ

Dik 300x250 mk

Реферндумот што Христијан Мицкоски го бара е само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ и спас на неговата фотелја во Белиот дворец, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Имаа шанса пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да учествуваат во усвојувањето на Заклучоците по европскиот предлог за почеток на преговорите, но тие три дена ширеа лажни вести, викаа, свиреа, се закануваа и на крајот избегаа од собраниската сала и собраа сили ниту да гласаат против.

Идејата на Мицкоски за референдум нема поддршка ниту кај коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, ниту кај останатите опозициски партии. Таквото барање за референдум за кое Мицкоски не ја знае ниту формата ниту прашањето е единствено со цел да го манипулира членството на партијата откако му пропаднаа сите обиди да ја закочи и дестабилизира државата“ велат од владејачката партија.

Според СДСМ, Мицкоски е осамен и изолиран, а негов единствен партнер е проруската Левица предводена од Димитар Апасиев.

Со своето дејствување Мицкоски останува на спротивната страна на државните интереси, на погрешната страна на историјата, додаваат од СДСМ.

Можете да прочитате

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!