Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Знаат само за блокади, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кочат се што е во интерес на државата

СДСМ: Поради деструктивноста и одбраната на насилници ВМРO-ДПМНЕ уште долго ќе бидат опозиција
300x250 (7)

Од владејачката СДСМ реагираат на најавите на ВМРО-ДПМНЕ за блокадите во Скопје и неколку града низ Македонија. Од таму велат дека ВМРО-ДПМНЕ, предводена од губитникот Христијан Мицкоски, продолжува да прави штета на интересите на граѓаните и ги поткопува државните позиции и дипломатските процеси за постигнување напредок во евроинтеграцијата на државата.

„Блокадите, антидржавното дејствување се се што знаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Не е првпат Мицкоски да шири лажни вести околу односите со Бугарија. И лани на крајот од годината, Мицкоски јавно среде Скопје ширеше хистерија дека во Софија се распарчувала државата, дека на тајни средби се распродавал идентитетот. Правеше протести за одбрана на насилниците и криминалците, кои упаднаа во собранието на 27 април да убиваат, да тепаат пратеници, новинари, вработени во парламентот. Сред пандемија организираа јавни собири на кои ги прекршуваа мерките за заштита, додека граѓаните се бореа со пандемијата, подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ организираше морбидни перформанси ред Министерството за здравство“, потенцираат од СДСМ.

Ss1

Од владејачката партија додават дека Мицкоски правеше протест со како што рекоа, луксузни возила против сиромаштијата во државата, правеше протест против покачување на цената на струјата, а тој ја зголеми за 100%.

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието со блокади и опструкции нанесуваат директна штета на граѓаните и на државата. Го блокираат Законот за изградба на Клинички центар, тие се против наставниците и стручните работници, против припадниците на Армијата, против минимална плата, против враќање на парите кај граѓаните. Се што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го кочи, опструира и блокира“, стои во писменото соопштение од СДСМ.

Според нив, без оглед колку лаги, конструкции и шпекулации изнесува Белата палата, без оглед колку протести и блокади прави ВМРО-ДПМНЕ, не може да избега од вистината дека државата оди напред.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт