Утрински Весник
Економија

СДСМ: За три години просечната плата порасна за над 4.000 денари

ССМ потсетува дека минималната плата од јули е зголемена на 14.934 денари

Со СДСМ платите растат побрзо, за само три години просечната плата порасна за над 4.000 денари, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.

Тие се повикуваат на податоците на Државниот завод за статистика, според коишто просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2020 година, изнесува 26.867 денари.

Согласно со пресметките, тоа е за 4.059 денари повеќе во однос на јуни 2017 кога таа изнесувала 22.808 денари.

„И денес, во време на светска криза, трендот на раст на платите не престана, туку напротив продолжи со раст, благодарение на ефикасните и навремени економски антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ. Споредено со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога оваа партија беше на власт во периодот од три години (јуни 2014-јуни 2017), просечната плата бележеше зголемување за само 1.575 денари, односно, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2014, изнесувала 21.233 денари“, велат од СДСМ.

Ветуваат дека во следниот мандат ќе покажат дека можат уште повеќе и подобро за граѓаните и за државата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“