Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат, раст на просечната плата од 10 отсто

СДСМ: Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат, раст на просечната плата од 10 отсто
Ss2

Соопштение на СДСМ:

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев континуирано спроведуваат ефикасни економски мерки, кои резултираат со економски раст и развој.

Ss1

Во изминатите четири години платите бележат постојан раст во сите сектори.

Официјалните податоци говорат дека просечната плата за месец април 2021 година изнесува 28.438 денари. Тоа е раст од 10,1 отсто во однос на истиот месец 2020 година.

Во услови на светска економска и здравствена криза, платите не стагнираа, туку продолжија да растат.

Тоа само ја потврдува успешноста и навременоста на антикризните мерки и одговорните економски политики на Владата предводена од СДСМ.

Градиме силна, стабилна, динамична економија и можности за забрзан економски раст преку реални, остварливи проекти.

Како владејачка партија нашата цел е да го оствариме даденото ветување пред граѓаните, за минимална плата од 18.000 и просечна плата од 36.000 денари до крајот на овој мандат.

Тоа и ќе го оствариме. Во овие четири години покажавме дека за нас, зборот е збор и тоа ќе го потврдиме и во иднина“

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт