Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Единствено време кога нашата држава била заложник се 11-те години на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ во 2019 беше најголемиот кочничар на напредокот, затоа на 12 април уште еднаш ќе загубат

Скопје, 14 февруари 2020

Единствено време кога нашата татковина беше заложник се 11-те  години на криминалното владеење  на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски.

Во тоа време извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски беше најлошиот, нејнеуспешниот директор на ЕЛЕМ кога струјата ја покачи над 100%.

Додека граѓаните врзуваа крај со крај, Груевски и послушниците се расфрлаа со парите на граѓаните.

11 години заложништво, значеше исто толку години замрзнати плати, пензии, стечајци на улица, селективни и ненавремени субвенции, младина без можности за напредок и без шанси за иднина поради изолацијата.

Доаѓањето на СДСМ на власт е време на ослободување на државата од заложништво и градење на демократијата. Денес секој има право на свое мислење и став, не се шепоти повеќе туку гласно се зборува.

Наспроти деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ , СДСМ успеа за најкраток рок од 2.5 години, да реши клучни и стратешки прашања за државата и донесе мерки и реформи во интерес на граѓаните и државата. Денес имаме минимална плата од 14.500 денари  и просечна со највисок раст досега, решен статус на 12.000 стечајци, повисоки пензии, 60 илјади нови работни места, најниска невработеност од 17.1% неселективни и навремени субвенции и можности  за младите да останат и напредуваат во својата татковина.

Затоа на 12 април граѓаните ќе ги казнат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста 

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пендаровски: Силјановска ја цитира бугарската УДБА

Вечерва започна молкот за изборите на 8 мај

Пендаровски кон Силјановска: Два труда имате објавено на Скопус, што сте работеле како професор?