Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Доста беа лаги, почнавме преговори со ЕУ со зачуван идентитет

„Со заполнување на преговорите, пропаднаа сите лаги и измислици за наводна бугаризација и асимилација.

dobivaj vesti na viber

Напротив, започнавме преговори со ЕУ со зачуван идентитет со чиста формулација на македонски јазик без додавки и фусноти..

На крајот, се потврди и дека анти европската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, свесно ги лажеше и се уште ги граѓаните и ги злоупотребува.

Северна Македнија ги започна преговорите со ЕУ по цели 17 години во чекалната и ова е нова ера за нашите граѓани која носи бројни придобивки.

Сега, откако сите лаги за јазикот и идентитетот пукнаа како меур од сапуница, кога пропаднаа сите блокади и обиди за дестабилизација, потребно е сите политички и општествени чинители да дадат свој придонес за европскиот пат.

Членството во ЕУ е стратешка национална и државна цел поставена уште на денот на независноста, сите имаат одговорност пред граѓаните да обезбедат европска иднина на граѓаните и државата“.

Соопштение на СДСМ

Можете да прочитате

ЛАДЕН БРАН НА БАЛКАНОТ: Ни доаѓа првиот снег за оваа сезона!

Мицкоски: Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени, прифаќам само македонски црвени линии

Скринингот кој го побара СДСМ покажа дека граѓаните се труеле, кој ќе поднесе одговорност прашуваат од СДСМ