Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Дали таткото на Јаулески учествувал во нелегално финансирање на политичка партија?

СДСМ: Дали таткото на Јаулески учествувал во нелегално финансирање на политичка партија?

Од владејачката СДСМ прашуваат дали таткото на пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ, учествувал во нелегално финансирање на политичка партија.

„ Вчера се објавија инфрмации дека Управата за финансиска полиција спроведува предистражна постапка за препродажба на нива, поврзана со нелегално финансирање на политичка партија.

Истовремено, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески лажно обвинуваше дека се врши претрес во неговиот дом, иако подоцна се потврди дека претресот не бил во неговиот стан, туку во станот на неговиот татко.

Оттука логично се поставува прашањето дали таткото на Јаулески учествувал во нелегално финансирање на политичка партија за што Управата за финансиска полиција врши предистрага?

Дали парите од препродажбата завршиле во ВМРО-ДПМНЕ па затоа оваа партија веднаш се стави во заштита на Јаулески и неговиот татко?

Одговорите на овие прашања очекуваме да ги даде истрагата што се спроведува од надлежните институции“ се наведува во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пат ќе порасне потреба од електрична енергија, Македонија нема да биде нем набљудувач на тие процеси

Труења кучиња во Неготино, загриженост изрази и градоначалничката

МВР го пронајде возачот кој леташе со 293 км/ч на автопатот Скопје–Гевгелија