Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Голем е стравот на Мицкоски од Ковачевски

Dik 300x250 mk

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го дискредитира Ковачевски уште од првиот ден на неговиот избор, пишува во писмената реакција на владејачката партија.

Од СДСМ оценуваат дека лидерството, способноста, решителноста и успехот на Ковачевски во менаџирањето на најголемата економско-енергетска криза, уште во првите 100 дена од мандатот резултирало со страв и очај во ВМРО-ДПМНЕ.

„Не само целото ВМРО-ДПМНЕ туку и Христијан Мицкоски се плаши од Димитар Ковачевски. ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните, Мицкоски е загубен, покажува немоќ и неспособност да дефинира основен политички став на било која тема важна за граѓаните. Тоа што Ковачевски како директор во „Македонски телеком“ АД бил поканет и присуствувал на отворање на објектот на МНТ нема ама баш никаква врска со криминалот на ВМРО-ДПНЕ. За криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и оној од Скопје 2014 збор имаат македонските судови“, се прецизира во соопштението на владејачкиот СДСМ.

Според нив, бројни судски предмети и признанија на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, го потврдуваат тој криминал.

„„Титаник“, „Тенк“, „Таргет – Тврдина“, „Плацови на Водно, веќе има изречени правосилни затворски казни за криминал за голем број високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ како и за шефот на Мицкоски, Никола Груевски“, е посочено во дописот од СДСМ.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош