Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ в понеделник на Конгрес ќе ги дефинира изборните листи, Заев деновива најави состанок со ДПА

?

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – В понеделник по Конгресот на СДСМ ќе бидат познати изборните листи за престојните предвремени парламентарни избори, закажани за 12 април. На огласот се пријавиле околу две илјади кандидати, по првичните селекции на локално ниво останале околу илјада и тие понатаму се селектираат на централно ниво на партијата, согласно анализите и анкетите, но и согласно препораките на селекционата комисија. Имињата на некои од кандидатите во одредени населени места се познати, но повеќето се уште се во процес на избор за учество на листите.

Ова денеска на прес-конференција го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговараќи на новинарско прашање, истакнувајќи дека в понеделник во 16 часот ќе се одржи Централен одбор на партијата, а во 18:00 часот следи Конгресот.

-За конечните листи ќе одлучиме в понеделник на Конгрес. Во 16 часот имаме Централен одбор, во 18 часот Конгрес. Викендов ќе ни биде работен, верувам дека до последно како стигнуваат анализите, анкетите, истражувањата, кои се водилка во извештаите во селекционата комисија, по што ќе се сублимира конечноста на одлуките поврзана со кандидатите. Ќе можеме да соопштиме во понеделник, некои места ги знаеме, но голем дел уште не се знаат, рече Заев.

Во врска со тоа дали со БЕСА ќе одат со заедничка листа на изборите, поради изјавата на претседателот на ДИК Оливер Дерковски дека со тоа БЕСА ќе загуби членови во Комисијата, но и во избирачките одбори, Заев рече дека коалицијата е објавена, на изборите ќе настапат со заедничка пратеничка листа и со заедничка програма. Додаде дека законот е јасен за сите аспекти и фази на изборите.

-Ако поединци ги насочуваат коалициите во насока на обесхрабрување во една држава, која е мултиетничко општество, тоа не води кон добро, рече Заев.

Нагласи дека до денеска БЕСА и Алијанса за Албанците се во опозиција и тие генерираа опозициско дејствување и затоа имаат одредено право извлечено од аспект на опозициски партии.

-Е сега тоа што знаат дека БЕСА ќе биде владејачка партија, тоа е друга работа. Не треба да се водиме од очекувањата во иднината, истакна лидерот на СДСМ.

Во врска со можност за соработка со ДПА на Мендух Тачи, Заев вели дека деновиве е можно да се одржи состанок и да се видат резултатите од него.

-Да видиме што ќе произлезе, имаме доволно анализи, како стоиме, какви се состојбите, но во најмала рака треба да разговараме, додаде тој.

Одговарајќи на новинарско прашање Заев рече дека не ја прифаќа поканата на ТВ Алфа за дуел со Мицкоски. Рече тој е слободољубец, верува во вредностите, но е и човек, кој го слуша народот. Додаде дека останува достапен на располагање за дуели на други места, ако пристигнат покани.

Во врска со кампањата и наводите за палење на билборди нарачи од ВМРО-ДПМНЕ, на кои тој е прикажан со чанта Луј Витон, Заев истакна дека ги осудува сите постапки на палење на билборди и нанесување штети на каков било приватен имот.

-Ги осудувам постапките за палење на билбордите. Нека ја гледаат луѓето грозотијата на кампањата во услови на недостиг на позитивна кампања. Луѓето гледаат, секој има право да закупи простор. Нека ценат граѓаните кој што рекламира и презентира и така нека носат одлуки, додаде Заев.

На прашање за неговиот став кон Словенија и мандатарот за нова словенечка Влада, Јанез Јанша, Заев истакна дека отсекогаш сме биле во добри односи со Словенија, уште од времето на поранешна Југославија и додаде дека тој смета на поддршката на Словенија во секоја смисла.

Власта во државите се менува, но добрите односи остануваат, вели Заев и додава дека тој е против национализмот, не само во Словенија, туку и во сопствената земја.

-Јас сум против национализмот не само во Словенија, туку и дома. Национализмот беше одлика на 20 век, некои викаат на 19 век, не треба да го има и со него не кажуваме колкави патриоти сме, тој носи до омраза, конфликти, горчини, уништени судбини. Тие што го користат некој пат ќе заборават да ги измијат рацете и ќе се отрујат, рече Заев и додаде дека тој ја очекува поддршката од Словенија, но и таа земја секогаш може да смета на наша поддршка. вј/ац/

Во живо: Програма 20-24 правда.

? Во живо: Програма 20-24 правда.

Posted by СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија on Четврток, 05 март 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт