Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 11 години го доведе здравствениот систем пред колапс

СДСМ: Техничкиот министер Чулев за себепромоција и лажен успех загрози меѓународна операција, а од друга страна граѓаните се уште се без патни исправи

Скопје, 8 март 2020
ВМРО-ДПМНЕ  за 11 години го доведе здравствениот систем во државата пред колапс, со коруптивни зделки и без инвестиции во здравството предизвика масовно заминување на лекарите од земјата и илјадници незадоволни пациенти.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години имаше време да направи нешто во здравството но наместо тоа парите безмислосно ги фрлаше на лажен барок, споменици и стиропор, а на сметка на тоа здравството падна на  дното.
Наместо за нов Клинички, над 600 милиони евра, пари на граѓаните одеа за задоволување на криминалните апетити на Груевски и фамилијата додека здравството се подлабоко тонеше, а од клиничкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ останаа само тараби и огромна дупка.
Денес, нивните ветувања за повисоки плати и инвестииции во здравството се лицемерни и несериозни. Не може Мицкоски човекот кој ја зголеми цената на струјата за 100 отсто, додека платите стагнираа, човек кој преку шеми на Груевски народни пари од ЕЛЕМ давал на партиски другари, денес да покачува плати. 
СДСМ за само 2,5 години ја санираше лошата состојба.
Конечно во нашата држава ќе има нов современ клинички центар  кој ќе ги задоволи потребите на граѓаните но и условите во кои работат здравствените работници.
Во меѓувреме се реконструирани повеќе одделенија кои со години не беа пипнати. Како дел од тие реконструкции се одделенијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје односно одделенијата за детска хирургија и пластична хирургија, одделението за урологија и одделот за дигестивна хирургија.
Во Куманово е отворен нов, современ Ургентен  центар кој што пружа здравствени услуги на околу 200 000 жители во кумановскиот регион, реконструирана е општата болница во Куманово и болницата во Кичево .
Како никогаш досега се зголемија платите на здравствените работници и соработници. За само две ипол години за 40% се зголемија платите на лекарите специјалисти, од 20 до 23% на медицинските сестри, 25% на општите лекари и 15% на здравствените соработници. Со мерките кои Владата ги имплементира здравствени работници кои работеле во приватното здравство почнуваат со работа во јавното здравство. Ова е доказ дека мерките вродуваат со плод. 
Истовремено значително е зголемен на коефициентот на сложеност, со што се зголемува и додатокот на плата за дежурства, со кој е опфатен и помошно техничкиот персонал. 
 
Надоместоците за  дежурства, за само 2,5 години се зголемени од 4 до 5 пати и сега платата на лекарите специјалисти заедно со дежурствата  на сите клиники изнесува 100.000 денари, а некаде и повеќе.
За разлика од криминалното владеење на Груевски и неговиот советник Христијан Мицкоски, СДСМ вложува во човечкиот капитал и обезбедува подобри услови за работа на здравствените работници и поквалитетна здравствена заштита. 
Граѓаните тоа го гледаат и затоа на 12 април ќе ги поддржат политиките на СДСМ за раст и напредок и ќе порачаат режим –  никогаш повеќе!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт