Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во светот која во пандемија е на страната на вирусот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во светот која во пандемија е на страната на вирусот

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е веројатно единствената партија во светот која од почетокот на пандемијата па до денес е на страната на коронавирусот, против јавното здравје и здравствениот систем, велат во соопштение од СДСМ.

„Наводно загрижени за јавното здравје, ВМРО-ДПМНЕ бесрамно организираат масовни собори без почитување на здравствените протоколи и со грубо прекршување на мерките за заштита од коронавирусот“, велат од владејачката партија од каде додаваат дека таквиот деструктивен однос кон здравствениот систем е одамна препознаен од граѓаните кои ваквите постапки ги казнуваат на избори.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт