Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го поткопува здравствениот систем

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го поткопува здравствениот систем

Од почетокот на пандемијата па се до денес, граѓаните сведочат за деструктивниот и неодговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ, истакнуваат од СДСМ.

Од владеачката партија додаваат дека наместо да понудат макар симболична помош и поддршка за здравствените работници, цела година ВМРО-ДПМНЕ ја поткопува борбата против пандемијата со што работи на директна штета на здравјето на граѓаните.

„Колку се грижат за здравјето на граѓаните, покажува тоа што организираат масовни собири на кои воопшто не се почитуваат мерките за заштита. ВМРО-ДПМНЕ не само што не се грижи за јавното здравје, за напорната работа на здравствените работници, за сите кои се на првата линија против Ковид 19, туку оваа партија предводена од Мицкоски бесрамно се обидува политички да профитира од несреќата на илјадници семејства на заболени и починати од коронавирусот“, велат од СДСМ.

Од таму напоменуваат дека граѓаните ја препознаваат оваа морбидност и нечовечност од опозициската партија и затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одново ќе бидат поразени.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт