Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

СДСМ: Владата ги усвои новите мерки за заштита од коронавирусот

СДСМ: Владата ги усвои новите мерки за заштита од коронавирусот
300x250 opst2

Владата ги усвои препораките од Комисијата за заразни болести со цел поголема заштита на јавното здравје и на здравјето на секој еден граѓанин, соопштија од СДСМ. Од партијата додаваат дека мерките кои ќе стапат на сила по законските измени предвидуваат да се носи маска, марама или шал и на отворено, да нема групирање на повеќе од четири лица на отворено после 22 часот и во домовите да биде дозволено присуство од четворица гости, покрај членовите на семејството.

„Веќе им се зголемени ингеренциите на сите инспекторати, да можат на лице место да изречат забрана за вршење на дејност до 30 дена за правни лица, што не ги почитуваат ковид протоколите. Живееме со вирусот, ова е нов начин на живот, мора да воспоставиме нови навики, мора да бидеме дисциплинирани и одговорни граѓани и да ги почитуваме мерките и протоколите“, соопштија од СДСМ.

Од таму додаваат дека борбата против коронавирусот е заедничка, на сите граѓани и на сите институции, сите заедно мора да бидеме свесни и одговорни, за да ја добиеме оваа војна со невидливиот непријател.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени