Утрински Весник
Македонија
Img 7972

СВР Тетово ќе ги едуцира учениците за безбедност на интернет

СВР Тетово ќе ги едуцира учениците за безбедност на интернет
Img 7972

Тетово, 28 февруари 2020 (МИА) – Секторот за внатрешни работи Тетово почна со практична реaлизација на нов превентивно-едукативен проект насловен „ Не биди жртва на социјалните мрежи-сурфај безбедно“. Проектот го спроведува Отсекот за превенција, а целна група се учениците од основните училишта.

-Во рамките на проектот, што се планира да трае до крајот на идниот месец, предвидени се посебни предавања во училиштата, на кои на учениците ќе им биде објаснето како и со кого да комуницираат на социјалните мрежи, а тие да не бидат злоупотребени, но и ќе им се советува да бидат максимално претпазливи во комуникацијата. Покрај тоа, на учениците ќе им се укаже да не испраќаат нивни фотографии и видео материјали на непознати лица и особено не фотографии со експлицитна содржина. Учениците, исто така, ќе се предупредат и на можните ризици од нивно учество во видео-игри со елементи на насилство, самоповредување или други содржини на насилно и непримерно однесување, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Со овој проект ќе бидат опфатени над 3.500 деветтооделенци од сите основни училишта на тетовско-гостиварското подрачје, кои следат настава во над 200 паралелки. За неговото спроведување задолжени се 20 претходно обучени полициски службеници. ас/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени