Утрински Весник
Македонија

СВР Тетово со апел земјоделците да не палат огнови при расчитување на нивите

СВР Тетово со апел земјоделците да не палат огнови при расчитување на нивите

Тетово, 7 април 2020 (МИА) – Тетовската полиција испрати апел до земјоделците да не палат огнови при расчитувањето на нивите со оглед на интензивирањето на работењето на нивите во пресрет на пролетната сеидба. Исто така, им се укажува и на крајна внимателност кога се движат со механизацијата, истата да биде технички исправна и да ја управуваат исклучиво лица со потребните дозволи за тоа.

-Со затоплувањето на времето и во поширокиот Полошки регион ќе се интензивираат земјоделските активности на нивите, па поради тоа Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до сите кои деновиве ќе работат на земјоделските површини или од најразлични причини ќе се движат на отворен простор да не палат огнови. Ова, посебно се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба, кои ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите, а огнот без контрола брзо се шири, особено кога времето е ветровито, се вели во соопштението на СВР Тетово.

Од полицијата потсетуваат дека предизвикувањето пожар, намерно или од човечко невнимание, претставува и кривично дело за кое се предвидени ригорозни законски санкции, парични и затворски казни до 10 години, зависно од крајните еколошки и други последици.

Инаку земјоделците доколку имаат нива надвор од местото на живеење треба да издават дозвола за движење, додека не им треба на оние кои имаат површини во атарот на селата. ас/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Канцеларијата на Народниот правобранител отвори бесплатна линија за пријавување на повреда на избирачкото право

Тасевски: Денот на полицијата е симбол на пожртвуваноста, одговорноста и храброста

Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности