Утрински Весник
Свет

Свечено отворање на Пељешкиот мост, најголемиот инфраструктурен проект во Хрватска

Во Хрватска денеска ќе биде пуштен во сообраќај Пељешки мост, најголемиот инфраструктурен проект во земјата, чија изградба со речиси 80 отсто ја финансираше Европската унија од сопствени средства.

dobivaj vesti na viber

Мостот е дел од проектот „патна врска со јужна Далмација“ и го претставува најважниот геостратешки проект од национален интерес, бидејќи со неговата изградба е воспоставен територијалниот континуитет на хрватската територија.

Вкупната вредност на проектот се проценува на 420,3 милиони евра и опфаќа изградба на мост, пристапни патишта и обиколница кај Стон.

Периодот на изградба беше пет години за сите фази, а Европската Унија учествуваше со 330 милиони евра или 78,5 отсто од вредноста на проектот.

Мостот е интегрална хибридна конструкција со 13 распони, од кои пет главни (централни) распони се долги 285 метри, шест централно поставени армирано-бетонски столбови се високи 33 метри, како и две ленти заедно со лента за застанување која ќе служи за одржување на мостот.

Мостот е долг 2.400 метри, а навигацискиот профил под мостот, договорен со експертската група на БиХ, е 200 на 55 метри.

Мостот го изгради кинеската државна компанија „China Road and Bridge Corporation“, објавија хрватските медиуми.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина