Со доделувањето на фестивалските награди, вечерва во Центарот за култура во Битола, со почеток во 20 часот, свечено ќе биде затворено 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“.
Одлуката за награди ја донесе жирито во состав: Филип Бергсон, Вим Ванакер, Суки Меденчевиќ, Соња Просенц и Димо Попов, а дизајнер на наградите е Димитар Филиповски.
Изминативе денови публиката можеше да погледне десет долгометражни и десет кратки филмови, но и да ужива во богатата понуда на Оф програмата.
На последниот ден од Фестивалот ќе биде прикажан филмот „Титаниум“, во режија на Џулија Дукурно, кинематографер-Рубен Импенс.
Текстот Свечено затворање и доделување на наградите на „Браќа Манаки“ е превземен од МАКФАКС.