Утрински Весник
Економија

Светска банка: Пандемијата на ковид-19 ќе ги турне економиите во најдлабоката рецесија по Втората светска војна

Светска банка: Пандемијата на ковид-19 ќе ги турне економиите во најдлабоката рецесија по Втората светска војна

Пандемијата на корона вирусот до крајот на годинава ќе предизвика голем пад на светската економија, при што глобалниот раст ќе падне за 5,2 проценти и тоа ќе биде најдлабоката рецесија после Втората светска војна. Голем дел од економиите во светот ќе доживеат пад на производството по глава на жител, најголем од 1870 година наваму, прогнозира Светската банка во најновиот Извештај „Глобални економски перспективи“.

Банката предупредува дека приходот по глава на жител се очекува да падне за 3,6 проценти, поради што милиони луѓе ќе се соочат со екстремна сиромаштија оваа година. Поради сериозно нарушување на домашната понуда и побарувачка, на економијата и финансиите, економската активност на напредните економии се очекува да се намали за 7 проценти. Во Извештајот се предупредува дека во Европа економскиот пад би изнесувал околу 7 отсто, а во САД 6,1 отсто, пред да се појават знаци на закрепнување во 2021 година. Додека 90 отсто од 183 економии годинава ќе имаат пад на БДП. Кај новите пазари и економиите во развој, се очекува пад од 2,5 отсто, најголем во последните 60 години.

Јачината на ударот на пандемијата ќе биде различна од регион до регион, посочува Светска банка, а најтешко ќе бидат погодени оние држави кои во голема мера се потпираат на туризмот, извозот на стоки и надворешното финансирање.

„Ова е длабоко, јасно гледиште дека кризата може да остави долготрајни лузни и да донесе големи глобални предизвици“, рече потпретседателот на Групацијата на Светската банка за правичен раст, финансии и институции, Цеила Пазарбасиоглу. „Наша приоритетна цел во деловното работење е да се справиме со глобалната здравствена и економска вонредна состојба. Покрај тоа, глобалната заедница мора да се обедини за да најде начини да изгради што е можно поцврсто закрепнување за да се спречи повеќе луѓе да западнат во сиромаштија и невработеност “, додава тој.

Според Светска банка, пандемијата ја истакнува итната потреба за акција во здравствените и економските политики, вклучувајќи ја и глобалната соработка, за да се ублажат нејзините последици, да се заштитат ранливите популации и да зајакнат капацитетите на државите, со цел да се спречат и да може да се справат со слични ситуации во иднина.

„Клучно е новите пазари и економиите во развој, кои се особено ранливи, да ги зајакнат системите за јавно здравје, да ги решат предизвиците и да донесат реформи за да генерираат силен и одржлив раст, откако ќе помине кризата. Тие, со достапен фискален простор и прифатливи услови за финансирање, може да размислат за дополнителен стимул ако ефектите од пандемијата продолжат. Транспарентноста на сите финансиски обврски на владите, инструментите како и инвестициите се клучниот чекор за создавање атрактивна клима за инвестиции и постигнување на значителен напредок“, се вели во Извештајот.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст