Утрински Весник
Магазин

Светлина на мојот живот: Линда Евангелиста му оддава почит на синот

Светлина на мојот живот: Линда Евангелиста му оддава почит на синот

Линда Евангелиста се огласи на Инстаграм во средата за да го прослави Националниот ден на синот, нарекувајќи го 14-годишниот син Oгaстин Џејмс „светлина на мојот живот“.

Ова е ретка објава на социјалните мрежи и прва откако модната икона на деведесеттите години обелодени дека е трајно деформирана и брутално унакажана од ретка нуспојава на козметички третман за ремоделирање на телото.

Поранешниот супермодел (56), која има син со сегашниот сопруг на Селма Хајек, Франсоа Анри Пино, сподели постара слика од него како мало дете на плажа, додека стои покрај срце „Оги + мама“ во песок.

Канадската модна икона минатата недела се појави на насловните страници на светските шоу-биз медиуми со мачна и болна исповед со која го објасни нејзиното отсуство од јавниот живот.

Некогаш една од најубавите манекенки обелодени дека е брутално деформирана од ретки несакани ефекти од козметичката процедура на која била подложена пред пет години.

Линда Евангелиста е една од петте икони кои владееја со модните писти во 90-тите и беше синоним за терминот супермодел.

Џани Версачи и Карл Лагерфелд тврдеа дека Линда е нивната вечна муза.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста