Утрински Весник
Македонија

Сведоци во „Титаник“ не знаеле дека во нивно име е уплаќано на ВМРО-ДПМНЕ

„Титаник“ одложен поради отсуство на Кирил Божиновски

Скопје, 5 март 2020 (МИА) –  Шест членови  на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од 2011 година, денеска сведочеа во Кривичниот суд за предметот „Титаник“ во кој обвинети се повеќе лица за изборни нерегуларности и незаконско финансирање на предизборна кампања. Сите шестмина прашани од обвинителката Лиле Стефановска изјавија дека не знаеле дека во нивно име е уплатена сума од 60.000 денари на партијата ВМРО-ДПМНЕ како донација и дека за тоа дознале на изјавата во СЈО кога им биле посочени уплатници.

Даниела Груевска вработена во ОУ „Марко Цепенков“ во општина Зелениково, како и Наталија Гелева вработена во СВР Струмица, рекоа дека ниту тие дале, ниту пак на некому му дале 60.000 денари да уплати во нивно име на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ како донација.

Сведокот Стојанчо Арсов рече дека пратеничката Бети Кузмановска го повикала и му кажала да пополни уплатница на која ќе бидат уплатени пари од членарина и дека не му потврдиле дека таа е уплатена, ниту пак му бил познат износот на уплатницата која е уплатена.

Звонко Митковски рече дека ниту дал дозвола, ниту пак некој близок негов уплатил илјада евра донација за ВМРО-ДПМНЕ и дека на увидот во СЈО забележал дека уплатницата е пополнета пола од него, а половина со друг ракопис.

Истото го наведоа и другите сведоци дека не се запознаени за уплата на таква сума, но кажаа дека донирале пари за партијата, едни од околу 300.000 денари, другиот околу 5.000 и дека тоа го  правеле на каса прими.

Судењето ќе продолжи на 11 март за кога се предложени осум сведоци.

Во „Титаник“, освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Кирил Тодоровски и други. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.бк/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична пријава за поранешен министер за култура

Меџити: Утре ЈСП ќе добие шест електрични автобуси

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука