Утрински Весник
Спорт

Сајнц навести заминување од Мекларен

Сајнц навести заминување од Мекларен

Вокинг, 28 април 2020 (МИА) – Пилотот на Мекларен, Карлос Сајнц, навести можност за промена на тимот во 2021 година и дека е убеден во неговиот успех во Ферари или Мерцедес. Минатата сезона Шпанецот покажа на што е способен, победувајќи ги двајцата пилоти на Ред Бул – Гасли и Албон и завршувајќи на шестото место во првенството.

Така, Карлос влегува во плановите за можна замена за Себастијан Фетел, доколку Германецот не го продолжи договорот со „Скудерија“. Сајнц претходно ги отфрли ваквите шпекулации, тврдејќи дека е среќен во Мекларен. Сепак, се чини дека има промена во неговата позиција, судејќи според неговото интервју за шпанскиот весник „АС“.

– Во моментов нема ништо ново бидејќи Формула 1 е парализирана, но јас сум целосно убеден во моите способности. Минатата година презедов важен чекор и успеав да покажам добри резултати во Мекларен, Ферари или Мерцедес, вели Шпанецот.

Оваа изјава може да биде прифатена како барање за промена следната година, кога се очекува нови промени кај пилотските места во Ф1.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо