Утрински Весник
Магазин

Сајмон Коуел имал среќа што не останал парализиран по падот од електричен велосипед

Сајмон Коуел имал среќа што не останал парализиран по падот од електричен велосипед

Сајмон Коуел ги советува луѓето да го прочитаат прирачникот пред да возат електричен велосипед за прв пат.

„Неколку добри совети… Ако купите или тестирате електричен велосипед, прочитајте го упатството пред да го возите прв пат. „Јас скршив дел од грбот. Ви благодарам на сите за вашите љубезни пораки,“ напиша Сајмон на Твитер. „И голема благодарност до сите медицински сестри и доктори – најдобрите луѓе што некогаш сум ги запознал.“

60-годишниот продуцент и судија на популарното шоу за таленти America’s Got Talent во саботата падна од својот електричен велосипед по што беше итно префрлен на операција, пренесува „Пејџ сикс“ и цитира лекари кои по шестчасовната операција рекле дека тој за еден сантиметар го промашил ‘рбетниот мозок.

„Коуел има среќа што нема да биде парализиран и во инвалидска количка до крајот на животот по лошата несреќа што резултираше со три скршеници на грбот, негови пријатели изјавија за „Пејџ сикс“. По сè изгледа дека штотуку-купениот велосипед буквално го исфрлил од задниот дел кога Сајмон менувал брзина.

Кели Кларксон, која токму Сајмон ја оценуваше кога се појави и ја освои првата серија на шоуто „Американски идол“, привремено ќе го замени како судија во жирито на America’s Got Talent.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Овие три навидум здрави намирници предизвикуваат дебелеење

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб

(ВИДЕО) Тројца Руси скокнаа со падобран од стратосферата на Северниот пол и поставија светски рекорд