Утрински Весник
Спорт

Саутгејт: Неуспех ќе биде ако не дојдеме до полу-финалето

Саутгејт: Неуспех ќе биде ако не дојдеме до полу-финалето

„Неуспех ќе биде доколку Англија не се пласира во полу-финалето на Европското првенство“, смета селекторот на „Гордиот Албион“, Герет Саутгејт.

Англија на ЕУРО 2020, во Д-групата, ќе игра против Хрватска, Шкотска и Чешка. Англичаните натпреварите во групата ќе ги играат на домашен терен, на „стадионот „Вембли“. Доколку завршат како први во групата и осмина-финалето, Англичаните, ќе го играат во Лондон.

„Мораме да живееме со очекувањата. Дали сме подготвени за титулата? Па два пати сме играле во полу-финалето, значи следниот чекор е да одиме подалеку од тоа“, рекол Саутгејт, алудирајќи на поразите од Хрватска (1:2), во полу-финалето на Светското првенство во Русија и Холандија (1:3) во Лигата на нации.

Англија во својата историја само еднаш играла финале на големо натпреварување, во 1966 година на Мундијалот.

> Саутгејт: Неуспех ќе биде ако не дојдеме до полу-финалето <

Можете да прочитате

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ