Утрински Весник
Спорт

Саутгејт: Ако одиграме совршен турнир можеме да го освоиме СП

Саутгејт: Ако одиграме совршен турнир можеме да го освоиме СП

Англскиот селектор, Герет Саутгејт, верува дека неговата репрезентација може да ја освои титулата на Светското првенство. Саутгејт потенцира дека Англија ќе мора да одигра совршен турнир за да дојде до титулата.

Репрезентацијата на Англија, пред четири години, испадна во полу-финалето од Хрватска, СП го заврши на четвртото место. Минатото лето, Англија играше во финалето на Европското првенство.

„Им кажав на играчите дека кога веќе игравме во полу-финалето пред четири години, сега можеме да играме во финалето и да ја освоиме титулата. Тоа ќе биде тешко, ќе мора да одиграме совршен турнир. Тоа ќе биде голем предизвик за нас“, рекол Саутгејт.

„Бележиме добри резултати изминатите неколку години, мислам дека сме едена од репрезентациите кои можат да го освојат трофејот“.

Англија, противниците на СП е го дознае вечерва од 18 часот, за кога е закажана ждрепката во Доха.

> Саутгејт: Ако одиграме совршен турнир можеме да го освоиме СП <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина