Утрински Весник
Свет

Саудискиот принц во прва посета на ЕУ по убиството на новинарот Кашоги

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман денеска го напушти Ријад за да ги посети Грција и Франција, што е прва посета на членките на Европската унија по убиството на саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги пред речиси четири години.

dobivaj vesti na viber

Владетелот на Саудиска Арабија беше во голема мера избегнуван од Западот по убиството на Кашоги, колумнист на Вашингтон пост кој го критикуваше кралството. Тој беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул во 2018 година.

Тој ќе се сретне со лидерите на Франција и Грција

Мохамед ќе се сретне со лидерите на Грција и Франција за да разговараат за билатералните односи и начините за нивно подобрување во повеќе области и прашања од заеднички интерес, се вели во соопштението на официјалната саудиска агенција за печат. Не се наведува колку ќе трае посетата.

Неговата посета започнува десет дена откако американскиот претседател Џо Бајден ја посети Саудиска Арабија и се сретна со Бин Мохамед. Посетата на Бајден беше дочекана со критики во Соединетите Американски Држави, а беше осудена и од меѓународните групи за човекови права.

Американските разузнавачки служби тврдат дека Мохамед бин Салман го наредил убиството на Кашоги, но Ријад го отфрла тоа тврдење.

Саудискиот престолонаследник минатата година посети неколку арапски земји, а во јуни беше во Турција. Двете земји се обидуваат да ги нормализираат односите што се влошија по убиството на Кашоги.

И францускиот претседател Емануел Макрон и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис минатата година ја посетија Саудиска Арабија.

Можете да прочитате

Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго

Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп