Утрински Весник
Економија

Саудиска Арабија двојно го зголеми увозот на нафта од Русија

Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, двојно го зголеми увозот на нафта од Русија, бидејќи Москва во моментов ја продава својата нафта со значителни попусти.

dobivaj vesti na viber

Според новинската агенција Ројтерс, во вториот квартал на 2022 година, од април до јуни, 647.000 тони нафта пристигнале во Кралството Саудиска Арабија преку руските и естонските пристаништа.

Тоа одговара на количина малку поголема од 7.000 тони или 48.000 барели нафта дневно.

Во истиот период лани вкупната количина на нафта увезена од Русија изнесува 320.000 тони.

Саудиска Арабија користи руска нафта за производство на електрична енергија и потоа може да произведува и извезува сопствена нафта.

На Арапскиот Полуостров е неопходно особено големо количество електрична енергија за ладење во жешките летни месеци – токму сега, пишува Дојче веле.

Поради санкциите, особено од Европската унија, Русија ја продава својата нафта на светскиот пазар со значителни попусти. Со оглед на војната на Русија против Украина, некои земји одбиваат да купат нафта од Русија.

Од друга страна, огромните економии како Кина и Индија, како и бројните земји во Африка и Блискиот Исток, го зголемија увозот на овој извор на енергија од Русија.

Можете да прочитате

ССКМ демантира дека Претседателот Ангеловски демантира дека е разрешен, обвинува за фалсификат

Николоски: Понудите од врвни светски финансиски институции и банки го потврдуваат кредибилитетот на проектот “брза пруга”

„Кој купува стан во Скопје?! Без вода, без воздух, со бетониран пекол на секој агол!“