Утрински Весник
Спорт

Сари призна: Имав судири со играчите на Челси, но кога си заминував некои плачеа

Сари: Се плашевме да не ни се падне Реал Мадрид

Лондон, 18 април 2020 (МИА) – Тренерот на Јувентус, Маурисио Сари, сподели интересен детал од неговите последни денови во Челси. Тој призна дека има конфликти со некои играчи на „Стемфорд Бриџ“ и дека му недостасува Премиер лигата.

– Колку повисоко се качуваш по скалилата, толку е потешко да изградиш односи со своите играчи. Точно е дека имав судири со играчите на Челси. Јас не сум човек што ги тапка другите по грб. Но, кога објавив дека си заминувам, многу играчи плачеа , рече Италијанецот, цитиран од „Фудбал Италија“.

Тој вели дека му недостасува Премиер лигата, но никогаш не би живеел во Англија.

– Не разбирам како успеваат Италијанците да живеат таму. Но, англискиот фудбал е многу добар. Сум видел на секој натпревар неверојатно високо техничко ниво и неверојатна атмосфера. Стадионите се 100% полни без оглед на конкуренцијата. Тоа е фантастично, додаде Сари.

Менторот го водеше Челси минатата сезона, освојувајќи ги со нив Лига Европа. Еден од големите конфликти во кој се вмеша таму беше со голманот Кепа Арисабалага. Како што е познато, тренерот сакаше да го замени голманот, но тој одби да го напушти теренот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вардар подобар од Алкалоид во дербито на ракометната Суперлига

Флорентино Перез: Винисиус ти си најдобриот играч во светот

Италија го обрани Дејвис купот, Синер влезе во историјата на тенисот