Утрински Весник
Магазин

Сара Џeсика Паркер елегантна и деловна во бохо стил

Сара Џeсика Паркер елегантна и деловна во бохо стил

Сара Џесика Паркер изгледаше бохо шик во бел цветен макси фустан кога се упати кон својата продавница за чевли SJP во Њујорк во вторникот.

Фустанот од бела ткаенина со црвени и розови цвеќиња и зеленило го комплетираше со црни чевли со сребрен брош.

Сара Џесика (55), која најмногу ќе ја паметиме по улогата на Кери Бредшо во „Сексот и градот“ и нејзината страст кон чевлите, сега е успешна деловна жена целосно посветена на својот бизнис. Таа редовно оди во посета на нејзините продавници за да помогне во работата.

Внатре во продавницата таа беше фотографирана помагајќи на клиент да проба чевли и да избере нови стилови од големата колекција.

Во објава на Инстаграм неодамна таа напиша: „Беше прекрасен ден. Толку е убаво да се биде во продавницата со нашите клиенти (безбедно, на растојание од шест метри и со маска!).“

Во популарната ТВ-серија „Сексот и Градот“ ја гледавме како купува од бутик во бутик и копнее по чевлите на Маноло Бланк и Џими Чу, Прада и Долче и Габана. А во 2015 година, нејзиниот сон се оствари, таа ја отвори својата прва продавница. Сега има две продавници во Њујорк, и по една во Лас Вегас, Мериленд, Дубаи, Абу Даби и Канада.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста